ФОТО: Исчезнатата Марина пронајдена мртва во автомобил


Цела Србија денеска се крена на нозе по информацијата која се појави на социјалните мрежи дека исчезнала млада девојка.

Потрагата во која се приклучија корисниците на Фејсбук и Твитер за жал има трагичен крај, бидејќи девојката по име Марина која има само 23 години, била пронајдена мртва, по само неколку часа, во автомобил марка Ауди со австриски таблички.marina_thumb_medium500_261

Дваесет и три годишната Марина Јановиќ е пронајдена мртва во автомобил заедно со Владимир К. Телата се пронајдени утрово околу 9 часот под Смедеревскиот мост во автомобил со странски регистарски таблички.

Како неофицијално пренесуваат српските медиуми, можно е момчето и девојката да загинале во ообраќајка. Точната причина за смртта ќе се знае по обдукцијата.

Инаку 23 –годишната девојка била пријавена за исчезната од страна на нејзината сестра, која замолила сите кои имаат некаква информација за Марина да се обратат во полиција.

Телата на загинатите се пронајдени по само неколку часа по пријавата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1