Кривична пријава од СДСМ против Груевски за неовластено снимање и прислушување


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе поднесе Кривична пријава против Никола Груевски за неовластено снимање и прислушување.

Целата македонска јавност вчера виде како Никола Груевски ги снима и прислушува граѓаните и политичарите во Република Македонија. Прашањето е дали воопшто Никола Груевски е пресметлива личност и дали е свесен со ваквите постапки каква штета и нанесува на Република Македонија?sdsm

Согласно член 151 и член 152 од Кривичниот законик неовластено прислушување и снимање не е дозволено. Значи, Никола Груевски го прекршил законот. Доколку постоеле посебни истражни мерки, сторено е кривично дело согласно членовите 360 и 360а од Кривичниот законик, оддавање службена тајна.

Сега Јавното обвинителство е на потег. Ајде да видиме како ќе постапи кога станува збор за Никола Груевски.

Значи Никола Груевски го следи, го прислушува и го снима лидерот на опозицијата долго време. Никола Груевски ги снима оние кои доаѓаат на политички средби во неговиот кабинет.

Незапаметени примери без преседан во Европа и целиот демократскиот свет.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1