Девојчето Анџелика Варга (15) за чие исчезнување во Нови Сад денеска на големо пишуват социјалните мрежи, пронајдена е пред половина час на административната граница со Косово!
„Возачот на автобусот ја препознал на основа на фотките објавени на социјалните мрежи. Им благодариме на сите кои ја споделија објавата! Среќната вест први ја објавија од Фондацијата Тијана Јуриќ.
Околностите околу исчезнувањето на девојчето засега не се познати, но се знае дека членовите најблиски до семејството тргнале по неа.
Според информациите кои биле објавени кога последен пат е видена во Нови Сад, таа на себе имала црна јакна, портокалов дуксер и црни чизми.
Анџелика е висока 152 сантиметри, има руса коса и очи, и потекнува од Пачир, кај Бачка Топола.