Скопјани во паника по вториот силен земјотрес денеска. Земјотресот регистриран во 15:10 на 5 километри од Скопје со сила од 5,4 степени по Рихтер.
Неколку автомобили пактирани пред зградите се оштетени. Во населбата Железара падна оџак врз автомобил. Голем број граѓани сѐ уште се надвор во страв од нов земјотрес. Евакуирани се трговските центри – Капитол Мол, Сити Мол, Рамстор.
Големиот потрес придонел и за материјална штета низ продавниците, продуктите паѓале од полиците.
Земјотресот бил почувствуван и во Велес, Куманово, Битола.