Туристички автобус, во кој 50 туристи се враќаа во Србија по летувањето во Парга, изгоре на само половина час по тргнувањето од грчкиот град. Никој од патниците не е повреден, но во автобусот изгоре нивниот багаж.
Се уште не се познати причините за пожарот.