Таа се појавува на повеќе од 100 фотографии, сите фотографирани во рускиот град Краснојарск.
Вниманието на руската но и светската јавност по однос на овие фотографии и поконкретно девојчето со бело палто, било провлечено кога сфатиле дека никој не знае која е таа, иако најголем дел од фотографиите биле користени како разгледници.
Се претпоставува дека фотографиите потекнуваат од периодот на владеењето на Николај II Александрович, периодот помеѓу 1906-та и 1908-та година.
Сите овие фотографии се наоѓаат во Регионалниот музеј во Краснојарск, чиешто раководство во меѓувреме започнало потрага по идентитетот на девојчето за коешто се верува дека тогаш имала помеѓу 8 и 10 години.
Сепак, постојат неколку теории за тоа која е таа:
Едната теорија вели дека девојчето заедно со своето семејство било протерано од Русија, бидејќи очигледно му припаѓале на повисокиот општествен слој, а познато е дека во тоа време на комунизмот многу богати семејства емигрирале на западот или во САД.
Она што може да се забележи е дека речиси секоја фотографија девојчето е облечено во истото палто и речиси секогаш носи мало чадорче. А една од ретките фотографии на којашто девојчето се наоѓа во фокусот на фотографијата е онаа каде што е фотографирана со Железничкиот мост во Краснојарск во позадина.
На прв поглед се чини дека девојчето на сите фотографии е во истата облека, но сепак, Илија Куклински, работник во музејот вели дека со детален преглед на фотографиите заклучило дека тоа сепак не е точно.
-Ако подобро се загледате, ќе забележите дека на фотографиите носи различни чизми, чорапи и фустани под палтото, вели Куклински, којшто додава дека единствено нешто коешто е исто на сите фотографии е нејзиниот сериозен израз на лицето.