Кои по ред настапуваме на Евровизија оваа година?


Официјално беше прогласен распоредот по кој ќе настапуваат земјите учеснички на Евровизија 2016-та.

Како и секоја година, така и оваа 37-те учесници се поделени на две полуфинални вечери – првата на 10-ти и втората на 12-ти мај. Македонија ќе настапува во втората полуфинална вечер, петта по ред.evrovizija333

За пласман во финалето ќе се бориме со уште 18 земји, меѓу кои се и Србија, Албанија и Бугарија.

Финалната вечер на Евровизија 2016-та ќе се одржи во Стокхолм на 14-ти мај.

За потсетување, овогодишен претставник повторно е Калиопи, која веќе еднаш не претставуваше во 2012-та година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1