ФОТО: Ја претепал сопругата на првата брачна ноќ зашто не можел да и го соблече фустанот!


22- годишната Ејми Досон се омажила со својот долгогодишен партнер Гевин Голајтли во август минатата година. Нивното дете тогаш веќе било родено, а таа се надевала дека ќе живеат како нормално семејство.

Но, многу брзо сонот на младата невеста се претворил во кошмар.Кога по свадбата тие се качиле во својата хотелска соба, Ејми го замолила сопругот да и помогне да го соблече фустанот. Тој не успеал, а потоа ја бутнал на земја и брутално ја претепал. Девојката на првата брачна ноќ завршила со модринки по лицето и градите и со пресечена веѓа.nevesta pretepana

– Кога за прв пат го запознав беше прекрасен. Бевме пресреќни кога дознавме дека ќе имамедете. Но откако ни се роди детето тој стана манипулативан и почна да ме контролира. Живеев како да одам по јајца. На првата брачна ноќ мислев дека ќе ме убие. Ме тепаше, ја напушти собата, а јас не успеав да избегам. Пак се врати и продолжи да ме тепа. На крајот успеав да избегам и да го пријавам кај портирот на хотелот. Денот почна прекрасно, на свадбата беа сите наши  пријатели и роднини и мислев дека тоа ќе биде нов почеток за нас – вели Ејми.

Веднаш по инцидентот таа побарала развод. Сопругот Гевин пред судот прво тврдел дека не се сеќава на ништо бидејќи бил под дејство на дрога, но потоа го признал нападот.
– Повеќе ништо не ми значи – вели Ејми, која е задоволна што Гевин добил забрана да и се приближува или на кој било начин да контактира со неа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1