ХИВ вирусот мутирал и се шири – Научниците открија поагресивен тип на ХИВ-вирусот


Научници од Куба открија поагресивен тип на ХИВ-вирусот што многу брзо доведува до развој на СИДА, што пацентите ниту не дознаваат дека се инфицирани пред да се јават симптомите.

Се смета дека оваа варијанта се јавува откако лицето стапува во незаштитени сексуални односи со повеќе инфицирани партнери и се заразува со различни подтипови на ХИВ кои подоцна се рекомбинираат во организмот на човечот и создаваат нова варијанта.hiv-sida-aids-lecenje-rak-1348951872-213892

Во случај на инфекција со „обичен“ ХИВ, вирусот се врзува за протеини во мембраната на клетките познати како CCR5 и потоа продира во неа. Пациентите заразени со овој тип обично живеат неколку години пред да се појават какви било знаци на заразата, кога вирусот всушност станува CXCR4 и доаѓа до развој на СИДА.

Во случајот на кубанскиот тип, истражувачите открија дека ХИВ преминува во CXCR4 побрзо отколу во другите типови, поради што доаѓа до развој на СИДА веќе по три години од инфицирањето.

Студијата која беше спроведена на Универзитетот во Левен, објавена е во стручното списание „EBioMedicine“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1