Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не крие дека сопругата Јелена му е најголема поддршка во животот.
Таа и сега е покрај Новак кога тој доминира на светските терени. Но, таа била покрај Новак кога тој го започнал патот кон успехот.
Сега кога со триумфот на „Australian open“ ја освои 61. титула во кариерата, ред е да се потсетиме и на првата.
Новак првиот трофеј го освои пред десет години на 23 јули 2006 година. И додека тогаш 19-годишниот српски талент се радувал на победата, од трибините аплаудирала Јелена Ристиќ.
Извор: Вистина.мк