На ноќниот живот на Скопје, оној пред повеќе од 20 години, со многу носталгија се сеќаваат оние кои во тоа време, во почетокот на деведесттите ги живееја најубавите години и сите се согласни дека таа магија веќе никогаш нема да се повтори.
Денеска, 25 години од осамостујувањето, во сосема друг филм се присетуваме на времето некогаш во скопските клубови. Погледнете како се живееше додека се создаваше Македонија.