Џенифер Гејтс, ќерката на еден од најбогатите луѓе на светот , милијардерот Бил Гејтс , живее скромно и обично.
Иако на нејзниот Инстаграм профил сите очекуваа да видат фотографии од луксуз , таа живее обично и скромно. 21- годишната Џенифер Гејтс сподели и фотографии од нејзиниот дечко , со кого се заедно на универзитетот Станфорд.
Таа студира биологија, а нејзиното момче Најел Насар, економија и менаџмент. Неизбежни се и фотографиите од семејната јахта , на која заедно со родителите Бил и Мелинда патуваат низ светот. Џенифер сака и коњи, за што добивала трофеи на коњски трки.
Девојката, според она што објавува на социјалните мрежи не носи скапа брендирана облека , ниту накит и личи на своите врснички.
Бил Гејтс со сопругата повеќе пати изјавиле дека сакаат своите деца да ги воспитаа да бидат шт поскромни и работливи, а богатството немаат намера да им го дадат во наследство.