ФОТО: Какво оружје е пронајдено во близина на куќата на Вучиќ, се подготвувал ли атентат?


Ден по пронаоѓањето на арсенал оружје во близина на куќата на српскиот претседател Александар Вучиќ, безбедносните српски служби интензивно работат на расветлување на случајот. По тој повод денес се огласи и самиот Вучиќ.oruzje-suma-vucik1

-Доколку постои и 1 процент веројатност некој да подготвувал атентат не би имал никакви шанси за да преживеам, бидејќи од 40 метри со „зоља“ и слеп ќе погоди, наведува српскиот премиер на денешната прес-конференција, додавајќи дека оружјето е пронајдено на едвај 15 метри од исклучувањето кон неговата семејната куќа.

Безбедносните служби и форензичарите работат на собирање на докази. Вучиќ истакнува дека очекува интензивна истрага.

-„Зољата“ има домет и на 200 метри, а доколку некој го познава теренот, нема промашување. Се надевам дека некој случајно го оставил тоа е уште поголем проблем бидејќи би можело да настрадаат деца. Единствено момците од обезбедувањето ми кажаа дека местото на кое е пронајден арсеналот е идеално за извршување на напад, вели премиерот на Србија.oruzje-suma-vucik2

Вчера попладне во шумата во Јајинци се пронајдени „зоља“, четири рачни бомби, 100 парчиња муниција калибар 7,62 милиметри. Најдени се и куршуми за автоматско оружје и снајпер. Според проценките, пронајдената количина на оружје би можела да уништи цела колона на возила.-Околу 16:05 некој дојавил дека има нешто сомнително во шумата во Јајинци, за што преку порака ме извести Небојша (Стефановиќ, министер за внатрешни работи). Му одговорив: „Ајде да се кладиме дека ќе најдеш оружје на тоа и тоа место“. Тој простор е еден процент од шумата. Стефановиќ за кратко време се јави и праша: „Како знаеше?“. Ете случајно погодив, каде инаку луѓето би оставиле старо оружје, ако не таму. А некои стигнаа да ни се јават околу 16:15 и да знаат за што се работи. Земени се отпечатоци, се што е потребно и сигурен сум дека ќе се најде парцијален ДНК. Ако не се најде, тогаш сите ќе знаеме за што станува збор, заклучува српскиот премиер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1