Фото: Ќерката на Елвис Присли работи во фаст-фуд комбе


Ќерката на легендарниот крал на рокенролот Елвис Присли, Лиса Мари Присли (44), иако има стотици милиони на своите банкарски сметки, сепак се одлучила да работи во фаст фуд ресторанот Mr. Chippy во Источен Сасекс.

Пржела и продавала риба и помфрит.

Таа со својот сопруг, гитаристот Мајкл Локвуд и трите деца пред две години се преселиле во малото англиско гратче Ротерфилд, во вила од 11,2 милиони долари.

,, Сакаше да го запознае локалното население и нивниот менталитет,, изјавила сосптвеничката на ресторанот.

Лиса Мари во униформа и со заштитна капа на главата, не ја препознавале ниту муштериите. Во ресторанот работел и нејзиниот син Бенџамин (19)

,, супер е, нормална е, јаде риба и пие пиво, се дружи со муштериите, но не би и дала постојана работа зошто сите нарачки ги испобрка, а и подели дипло повеќе храна отколку што наплати,, изјавила на шега сопственичката Ким Скејлс.

Лиса Мари е вљубена во имотот и градот. Вели и годи климата, дожд и ладно. А има прекрасни соседи со кои е нормална и не се чуствува како славна личност.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1