Жељко Јоксимовиќ, актуелен член на жирито на Х-фактор, оваа година за вторпат ќе стане татко, а веќе ја има својата ќерка од првиот брак, Мина, која порасна во вистинска убавица на која тој може да се гордее.
Многумина ја паметат како симпатично девојче кое од татко и го наследи талентот за музика. Мина минатата година наполни 18 години, а според фотографиите кои ги споделува на Инстаграм, пораснала во вистинска убавица.
Жељко изјави дека е горд татко на оваа девојка, која лани наполни 18 години и стана полнолетна.
– Особено сум среќен затоа што Мина е исклучително талентирана и сигурен сум дека со време тој талент ќе го покаже на вистински начин. Често е мој советник и секогаш со задоволство ја прашувам за нејзино мислење кое многу го почитувам.
Тој додава дека улогата на родител за него е најважна во животот, истакнувајќи дека на Мина секогаш и вели да верува во себе и да ги почитува другите.
Kurir