Нема да има Х фактор во вторник – кандидатите фатиле грип


Во вторник на 11.02 наместо live издание од „Х Фактор“ ќе се емитува специјално издание наречено „Запознај го својот фаворит“.

x faktorГолем дел од учесниците во шоуто и луѓе од техничката екипа кои го реализираат ова шоу се болни од грип, поради што е одложена и емисијата, јавува ТВ Пакет.

– За жал, епидемијата на грипот моментално владее во Х Фактор, па затоа испланиравме пауза која треба да се случи после половина од емитувањата на лајв изданијата, следното шоу во живо го поместивме само за една недела, се приближуваме до финалето и ова е вистински момент да направиме пресек на нивните досегашни настапи, изјави и впечатоци, стои во соопштението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1