ФОТО: Кој го вози најновото БМВ низ Скопје вредно над 100.000 евра ?


Фотографија од навистина прекрасно БМВ е објавена на социјалните мрежи.

1500bmvi8

Foto – Фејсбук/ Ѕид на сообраќајниот срам

Под фотографијата, која беше поставена на фејсбук страницата „Ѕид на сообраќајниот срам“ е напишано: Фотографирано во Скопје (катна гаража).

Инаку, моделот на БМВ на фотографијата е најновиот i8, хибриден спортски суперавтомобил. Тоа е најнов модел од 2015 година.

Овој автомобил забрзува од 0 до 100 км/час за само 4,4 секунди, а неговата крајна брзина е 256 км/час. Потрошувачката му е 2,1 литри гориво на 100 км.

Прв пат, како концепт, овој модел БМВ го презентирал во 2009 година на Саемот за автомобили во Франкфурт, Германија, додека верзијата за производство била претставена во 2013 година. Продажбата почнала прво во САД, во август, лани, додека глобалната продажба почнала во јануари, годинава.

Досега БМВ продал 2.170 единици i8, а неговата цена изнесува нешто повеќе од 100.000 евра.bmv kola

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1