Градот Скопје по обилните врнежи на дожд и поплави во источниот дел на Република Македонија, испрати тим на лица и техничка помош и механизација за справување со поплавите.
Градот Скопје испрати три цистерни за влечење на вода од ЈП “Водовод и канализација” и ЈП “комунална хигиена”, едно противпожарно возило опремено со моќна пумпа за испумпување на вода, две моторни пумпи со голем капацитет за испумпување вода, чамец со мотор, како и 10.000 вреќи со песок.
Со техничката помош на терен во поплавените делови испратена е и екипа од пет пожарникари од Противпожарната бригада на Град Скопје, како и поголем број на лица од Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, како и од јавните претпријатија. Штабот за заштита и спасување на Град Скопје ќе ја прати состојбата на терен и доколку има потреба ќе испрати дополнителна помош пренесува прес24.