Ликот на пресвета Богородица Марија, се појавил на храмот Преображение Господово во Прилужје кај Вучитрн во Косово, поточно на црквеното ѕвоно, пренесуваат медиумите.
Жителите од ова место се воодушевени од појавата, која што ја толкуваат како доказ дека „Господ не ги заборавил Србите кои живеат на Косово“.
-Има надеж, Господ не не заборави- вели жителка од Прилужје, која што ја објавила фотографијата на социјалните мрежи.
Инаку Прилужје е село во кое моментално има 650 домаќинства со околу 3.500 Срби.