Ако не ги отвореа границите, не беше проблем да го препливам Дунав и на грб да ги носам сите сватови, само тие да бидат среќни. Ова го планиравме долго и немаше да дозволиме да пропадне заради затворените граници.
Кога границата меѓу Хрватска и Србија беше затворена, Миодраг Новаковиќ од Осијек на својот Фејсбук профил и порача на хрватската влада: На 3. октомври одам по невестата во Нови Сад и граничниот премин Ердут ќе го преминам милум или силум
Во истиот момент освои бројни симпатии од двете страни на Дунав, а за среќа немаше потреба од сила. Тој завчера стигна со сватовите пред куќата на убавата Санела Љепиќ од Ченеј. Својата среќа не можеше да ја опише со зборови:
– Да не ја отвореа границата ќе се снајдев некако, но ќе дојдев по мојата Санела, одоколу, било од каде, преку Австрија или Босна. Премногу сум возбуден. Ми го скратија патот отворајќи ја границата – рече младоженецот.
Санела изјави дека се чувствува прекрасно и дека би нашла начин да се омажи и ако не ги отвореле границите. Исто толку бил среќен и братот на Санела, Александар.
Остатокот од текстот можете да го прочитате на најголемиот семеен портал во Република Македонија