Израел најави „војна до смрт против терористите“


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел „до смрт ќе ја води борбата против палестинскиот терор“.

Нетанјаху додал и инструкции за забрзување на процесот за уривање на домовите на палестинските терористи, како една од мерките да се спречи серијата терористички напади.netanjahudpagr

Тој тоа го најави по состанокот со највисоките воени претставници, истакнувајќи дека им дал инструкции да се зголеми бројот на т.н. административни притвореници, без обвиненија и судски процеси, да се распоредат повеќе безбедносни сили во Ерусалим и на Западниот Брег и да се протераат агитаторите од ерусалимскиот стар град и од Ридот на храмот, каде што се наоѓа џамијата Ал Акса.

– Водиме војна против палестинскиот тероризам, нагласил Нетанјаху по средбата, на која учествуваа и израелскиот министер за одбрана Моше Јалон, министерот за јавна безбедност Гилад Ердан, началникот на израелската армија Гади Ајзенкот и шефот на безбедносната служба Шин Бет, Јордам Коен.

По двата напади на палестински милитанти врз цивили викендов, израелската полиција вчера воведе драстична мерка за дводневна забрана за Палестинците да влезат во Стариот град на Ерусалим, доколку таму не живеат, работат или се школуваат. 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1