Не ги сакаат: Запален прифатен центар за бегалци во Германија


Непознати лица предизвикале пожар во прифатен центар за бегалци во општината Фрамар, во германската покраина Турингија.prifatenkampp

Биле запалени мобилните тоалети, поставени пред фискултурната сала, во која се сместени 10 бегалци. Огнот ја зафатил фасадата на зградата.

Пожарникарски екипи веднаш го изгаснале пожарот, во кој нема повредени.

Во текот на минатата ноќ пожар избувнал и во идниот прифатен центар за бегалци во градот Ксантен, во покраината Северна Рајна-Вестфалија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1