Најскапиот фудбалер Герет Бејл и велшката фудбалска репрезентација вечерва во 20 часот на Националната Арена „Филип Втори“ ќе го имаат единствениот тренинг пред утрешниот натпревар.
Најскапиот фудбалер на светот, Герет Бејл денеска со неговиот национален тим Велс, денеска пристигна во Скопје.
Доаѓањето на новиот фудбалер на Реал Мадрид привлече најмногу внимание во нашиот главен град, а пред хотелот забележливи беа неколку фанови на неговиот тим од Македонија кои сакаа да се фотографираат со него.
Националниот тим на Велс вечерва во 20 часот на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје го има единствениот тренинг, а пола час порано велшката селекција ќе има и прес-конференција.
Foto/Извор: Telegraf.mk