Медиумите се уште не успеале да влезат во станот на Новак Ѓоковиќ, но неговата сопруга Јелена од време на време објавува фотографии на социјалните мрежи на кои може да се видат некои делови од луксузниот стан во кој живее најдобриот тенисер на светот.
Тоа што можеме да го заклучиме е дека семејството Ѓоковиќ вложило полно љубов и труд за да го облагороди својот дом со интересни детали.
Сопругата на Новак Ѓоковиќ сака да покаже дека освен нив во комфор уживаат и нивните две пудли.
Јелена сака да се пофали и со некои специјалитети од кујната.
Како голем поборник на здравиот живот, сопругата на Новак Ѓоковиќ за своето семејство подготвува исклучиво здрава храна без шеќер, која се базира на зеленчук, овошје и јаткасти плодови.
Јелена сака да вежба на отворено, па затоа не оди во теретана, но нашла одлично решение и на својата тераса поставила справи за вежбање – споила убаво и корисно.
Пудлата Пјер по се изгледа газда во куќата и може да прави што и да посака.
Стефан има свое катче, тука е се создадено и направено само за него и неговите потреби.