ФОТО: „Магична пилула“ на нацистите им давала надчовечка сила


Инвазијата на Германија за време на Втората светска војна ја остави Европа преплашена пред германската војска.

pervitinМеѓутоа, најновите истражувања покажуваат дека германските војници не добивале инспирација само од реториката на Хитлер, туку нивната преданост на борбите делумно била потпомогната со пилули наречени „Первитин“.

На етикетата на лекот пишувало дека средството служи за подигнување на готовноста и дека треба да се зема за да останат будни. Денес оваа супстанца е позната како метамферамин или кристален мет.

Во периодот од 1939. до 1945. година поделени се околу 200 милиони од овие пилули, кои војниците ги нарекувале „тенковска чоколада“. Англискиот печат во тоа време известувал како германските сили земаат „магични пилули“. Познато е дека и самиот фирер добивал дози од оваа супстанца.

pervitin1

Реалната состојба била многу полоша – војниците пателе од ужасна зависност за наркотиците. Иако пилулите им биле дозволени како би ги издржале големите физички активности, споредните појави биле застрашувачки. Војниците добивале несвестица, потење, депресија и халуцинации.

Некои од војниците имале фатални срцеви проблени, додека некои извршувале самоубиства.

Sky

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1