ФОТО: Македонец од Василево стана јапонски зет


Македонецот Александар Василев од село Василево кој девет години живее и работи во Јапонија како диџеј, неодамна стапи во брак со јапонката Сајака која сега е Василева- пренесува „еМагазин“.

japonski_zetСајака работи во компанијата за козметика „Dr ci Labo“ a со Александар се запознале пред три години на плажа во Јапонија.

Александар во „еМагазин“ коментира дека во Јапонија свадбите се голем бизнис и дека една просечна свадба чини до 100.000 евра.

За свадбата Алескандар и Сајака потрошиле 4.000 евра а добиле десет илјади како поклон, а истите ги ставиле на сметка на нивниот син Кирил кој се родил неодамна.

Од големиот број на церемонии во јапонската веридба е споделувањето на саке или на јапонски сан-сан кудо- „тројца испорачуваат девет“.

За време на оваа церемонија, невестата и младоженецот пијат по една голтка на саке од три чаши.

Исто таа постапка ја повторуваат и нивните родители што значи дека вкупно девет пати се пие саке.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1