Пред свадба невести одат во комора со чист кислород на клиниката за Пластична хирургија


Хипербарната комора на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје е нов тренд меѓу невестите во Македонија, пишува утрешен „Вест“.

komora KislorodПет пациентки досега побарале разубавување со чист кислород во хипербарната комора и приватно си ја платиле услугата, која не ја покрива Фондот за здравствено осигурување.

– Третманот за разубавување со чист кислород се користи секаде во светот. На пример, Мадона и Новак Ѓоковиќ имаат нивни лични хипербарни комори, бидејќи со овој третман се затегнува кожата и тој дава многу енергија.

 Од 286 пациенти колку што се третирани во комората, имавме и пет што тоа го побараа од естетски причини, и сите беа на третман пред свадба – вели за весникот директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, Смиља Туџарова.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1