Професори, лекари, ракометари – Со оваа екипа ќе грми ГРОМ на Стевче Јакимовски


Во партискиот Изборен одбор се наоѓаат неколку унниверзитетски професори, лекари и јавни личности, а меѓу попознатите е и ракометната легенда на Македонија, Стевче Алушевски.

grom stevceВладо Поповски, поранешен министер во Владата на Република Македонија, е избран за претседавач на Централниот одбор на Граѓанската опција на Македонија (ГРОМ). потпретседатели беа избрани тројца и тоа Мавие Мехмети, професор по албански јазик, задолжена за ресорот општествени прашања, д-р Тодор Чепреганов, професор по историски науки, задолжен за политички систем, и м-р Горан Анчески, задолжен за економските прашања.

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, најави именување и на четврт потпретседател на партијата, кој дополнително ќе се избере до крајот на годината, а чиј ресор ќе биде работа со меѓународни организации и логистика и политичко дејствување.

Виктор Цветковски, адвокат од Kуманово, е првиот секретар

Претходно, 14 советници од Охрид, Куманово, Росоман, Кисела Вода, Пробиштип, Карпош, Кавадарци и Старо Нагоричане преминаа во редовите на оваа новофомирана партија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1