ФОТО: Македонија има пештера идентична како во „Господар на прстените“


Пештерата Пешна која се наоѓа на 6 километри од Македонски Брод, е прогласена за споменик на природата. Според спелеолозите, Пешна е со најголем отвор на Балканот- таваницата на отворот е 30 метри висина. Оваа пештера од Македонија, во „Њујорк тајмс“ е опишана како идентична на измислените пештери во филмот „Господарот на прстените“.500016why600.1

-Три години патував низ САД и секое лето се враќав во Македонија. Сум патувал и низ цел свет, но сфатив дека не сум ги истражил убавините на мојата земја. Никогаш не сум бил во пештерата Пешна. Таа изгледа исто како онаа во „Господар на прстените“, вели Алек Гавриловски од Македонија, која студирал во Атланта, Џорџија.

Остатоците од тврдината во пештерата се доведуваат во врска со месноста „Девини кули“ која се гледа од внатрешноста на пештерата.

Според локалните легенди, на двете тврдини живееле сестрите на Крале Марко. Како што потврдуваат и промотерите на брендот на Крале Марко, „легендите велат дека на нејзиниот влез и навнатре била изградена тврдината на втората сестра на Крали Марко“.

Пешна е регистрирана како локалитет од доцноантичкиот период во Македонија. Во близина на селото Слатина, пред влезот на самата пештера е откриена гробница со свод од тули и страничен влез од западната страна.

Kurir.mkFontes_of_Peshna_Cave1_Panoramio 500pestera-peshna_600x400

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1