ФОТО: Македонка е новата Бонд девојка?


Нашата актерка Јелена Јованова би можела да биде дел од новиот филм за најпознатиот таен агент 007.jel.jpg500

Јелена (29) глумеше во филмот „Земја од крв и мед“ на Анџелина Џоли, а сега би можела да забележи уште поголем успех во кариерата бидејќи влезе во вториот круг на кастинзите за филмот со Џејмс Бонд кој засега носи наслов „Бонд 24“.

– Ме исконтактираа преку кастинг менаџерката од Сараево, потврдува младата актерка и додава дека не била на аудиција туку е одбрана врз основа на нејзините видео снимки.

Вели дека не е сигурна дека сепак ќе успее да глуми со Даниел Крег, бидејќи се уште нема добиено никакви нови покани или потврди од Лондон.1jel.jpg500

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1