Полицаец пукал кон мотоциклист


Триесетгодишниот полицаец М.К. од Радовиш доби кривична пријава бидејќи пукал во учесник во сообраќај.policija 44

На 12.09.2014 година, пријавениот бил ангажиран за вршење службени задачи од областа на сообраќајот, по што на даден знак на моторциклист да застане, моторциклистот не ја почитувал наредбата и го продолжил движењето, по што пријавениот од службениот пиштол испукал два куршуми, погодувајќи го М.И.(28) од с. Почивало, штипско, во пределот на коленото.

Од преземени мерки е утврдено дека пријавениот го употребил огненото оружје иако не биле исполнети условите за истото.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1