Македонката Анита Андреевска е меѓу жртвите на терористичкиот напад кој се случи вчера во Брегот на Слоновата Коска. Анита била дел до мисијата на Обединетите нации во оваа афричка земја.
Последната порака на „Фејсбук“, Анита ја оставила вчераутро непосредно пред нападот кога напишала „Здраво недела“.
Пријателите на социјалните мрежи започнаа да се простуваат со неа.„ Не можам да поверувам, заедно бевме во кампот минатата сабота“, „Почивај во мир“, со голема тага коментираат нејзините пријатели и соработници.
Фракција на Ал Каеда ја презеде одговорноста за нападот на туристичкото место Гранд Басам на Брегот на Слоновата Коска во кој беа убиени 16 лица. Четворица од загинатите биле државјани на Германија, Франција, на Буркина Фасо и на Камерун.