Облачно и врнежливо уште денеска и утре


Времето ќе биде променливо облачно, а во западните и јужните делови со локални врнежи од дожд со послаб интензитет. На планините ќе има слаби врнежи од снег.oblaci sonce vreme mk

Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од шест до 12 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Слаб локален дожд ќе има и утре, а потоа во наредните денови ќе преовладува стабилно и суво време.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1