ФОТО: Македонска трудница избодена со нож во вратот во Брисел


Лекарите од главната градска болница во Брисел се борат да ја спасат 37-годишната бремена македонска државјанка Ф.Д. која со нож е избодена од сопругот Д.T. во нивниот семеен стан, известија белгиските медиуми.brisel trudnica
Според медиумите од Брисел, соседите прво слушнале караница, па тепачка, а во еден момент слушнале врисоци од жената. За брзо време пристигнала полицијата која го уапсила сопругот, а со амбулантно возило македонската државјанка е пренесена во болница. Соседите изјавиле дека целата била крвава.

Надлежните од бриселската полиција за медиумите изјавиле дека таа е во петтиот месец од бременоста, а имала сериозни убодни рани во вратот. Семејството има петгодишно дете кое веднаш по семејната драма е згрижено од социјалните служби

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1