ФОТО: Малиот вонземјанин од Атакама е мутиран човек покажала ДНК анализата


Днк тестовите покажаа, малиот костур за кој многумина нагодуваа дека е од вонземјанско потекло, припаѓа на човечкиот вид.

slide_291697_2330968_freeПримероците од коскената срж ги анализирале научниците од универзитетот во Станфорд, Калифорнија, а резултатите се прикажани во споменатиот документарец.

slide_291697_2369042_free-Можам со апсолутна сигурност да кажам дека не станува збор за мајмун. Се работи за човек- кој има повеќе карактеристики на човек отколку на шимпанзо.

Староста ја доживеал помеѓу шест и осум години, рекол Гари Нолан, шеф на одделот за матичната страницата на универзитетот во Станфорд.

-Очигледно е дека дишел, се хранел и дека неговиот метаболизам функционирал. Се наметнува прашањето колкаво било тоа суштество во моментот на раѓањето, додава Нолан.

Пред десет години Чилеанецот Оскар Муноз, пред напуштената црква во исто така напуштениот град Ла Нориа во пустината Атакама пронашол мумуфициран костур на хуманоид, висок 15 сантиметри.

slide_291697_2330964_free

Пронајденото суштество го добило името Ата (според пустината) а долго се верувало дека се работи за абортиран фетус од мајмун или за вонземјанин.

Проектот Сириус е дело на докази кои ги собирал поранешниот лекар и основач на програмата ‘Disclosure Project’ , д-р Стивен Грир, а освен мистеријата околу овој костур од пустината Атакама, тој открива и зошто напредната технологија намерно се чува “под тепих”.

Околу тоа е снимен и документарен филм “Сириус”, чијашто премиера беше пред два дена, на 22-ри април. Во документарецот се прикажуваат ДНК-тестирањата кои научниците ги вршат на него.

Меѓутоа, многумина ќе бидат разочарани од овие тестови, бидејќи покажуваат дека се работи за човечка ДНК, поточно за ДНК на мутиран човек, пренесува Daily Mail.

ВИДЕО/ФОТО: ДОКАЗ ЗА ВОНЗЕМЈАНИ – 15 СМ ВИСОКО СУШТЕСТВО НАЈДЕНО ВО АТАКАМИ

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1