Утрово се случила тешка сообраќајна несреќа во скопско Батинци, пишува А1Он. Според порталот, очевидците тврдат дека несреќата ја предизвикало 13 годишно момче кое во алкохолизирана состојба беснеело низ улиците на селото и на крајот завршило во ендек.
Полицијата и брзата помош веднаш пристигнале на местото на несреќата, но момчето не можеле да го пронајдат.
Очевидците тврдат дека повредениот малолетник избегал од страв.