Ги читал ситните букви на договорите – си добил доживотен бесплатен превоз со авион


Професор на Универзитетот Давис во Калифорнија Давид Филипс во 1999 година видел дека авиокомпанија има промотивна понуда која би му овозможила доживотен бесплатен авионски превоз. За да ја добие оваа бенефиција морал да купи и изеде огромна количина пудинг.

Имено компанија нудела 500 наградни авионски милји на секој испратени 10 бар кодови симнати од нивните производи, а во првите месец дена на понудата се добивало дупло односно 1000 наградни миљи.

filipsФилипс детално пресметал колку би му било потребно – уште нашол и дека во еден маркет токму овие производи биле на попуст односно еден пудинг се продавал по цена од 25 центи. Отишол во маркетот и ги купил сите чоколадни пудинзи што ги имале. Вкупно 12.150 пакетчиња кои ги платил 3.037 долари.

Но не одело се така глатко – имени кампањата траела само одредено време и тој морал да ги исече сите бар кодови навреме за да ги испрти што се покажало како невозможна мисија. Но добил генијална идеја. Се јавил во Војската на спасот, и им понудил да им го даде пудингот како донација ако му помогнат во сечењето на бар кодовите. Тие прифатиле а професорот освен што добил помош си добил и пари назад, односно неговата донација се сметала за хуманитарна и добил повраток на данок од 800 долари.

Конечно собрал вкупно милион наградни милји со кои станал доживотен член на Американ Ерлајнс Адвантаж Голд клуб, кој нуди бројни поволности во летањето со авиони. Билетите за авион ги добива бесплатно или за многу мали износи. И сега ќе си лета за џабе и тој и неговото семејство до крајот на животот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1