Еден малолетник загина, а двајца се повредени во сообраќајна несреќа која синоќа околу 1:30 часот се случила во Дебар во близина на градскиот стадион, откако возило „Рено Лагуна“ се превртело.
Во несреќата животот го загубил 17 годишниот сопатник Р.Р., додека според неофицијални информации, тешко повредени се возачот Е.Ј. и уште едно момче кое било во автомобилот Е.К.
Дел од медиумите пишуваат дека во автомобилот биле четири малолетници инаку ученици во трети клас на дебарската гимназија.