ФОТО: Мартин 12 години бил во кома, денеска е среќен и заљубен – еве ја неверојатната приказна


Цели 12 години Мартин бил во вегетативна состојба, не можејќи да говори и да се движи. Единствениот совет кој родителите го добиле од лекарите бил да се грижат за него се до неговата смрт. Но, Мартин едно утро се разбудил и ги изненадил.

Во јануари во 1988 година, Писториус, кој тогаш имал само 12 години и живеел во Јужна Африка се вратил дома порано од училиште жалејки се од болки во грлото. Во наредните неколку месеци неговото тело се повеќе слабеело, а неговиот мозок се гасел. Мускулите му атрофирале, а рацете и нозете се собрале пред тој да падне во кома.

martin koma 2

Како тинејџер тогаш му е дијагностициран криптококен менингитис и туберкулоза на мозокот, но вистината е дека лекарите не знаеле што точно не е во ред со него.

– Како резултат на можни инфекции, завршив во вегетативна состојба, со други зборови, не можев да реагирам или пак на било кој начин да кoмуницирам, раскажал за Daily Mail Писториус, кој денес има 39 години.

– Тогаш лекарите им соопштија на моите родители дека неможат да направат ништо повеќе и дека е подобро да ме однесат дома и да починам, што до некаде и се случи, објаснува Мартин.

Но по неколку години во вегетативна состојба, тој почнал да се буди, а мозокот не можел да го контролира телото.

-Сите беа навикнати да вегетирам и да не сум присутен, па кога се разбудив никој не ме примети. Суровата реалност ме стигна кога сватив дека остатокот од животот ќе го поминам сосема сам. Тоа е многу мрачно место на кое можете да се најдете, бидејки во основа дозволувате сами полека да исчезнете, опишал Писториус.

martin koma

– Никогаш не чувствував бес кон родителите, бидејки знаев дека ме сакаат и дека прават се што е во нивна моќ. Но бев фрустриран на ситуацијата. Многу пати плачев во себе. Дојдов и до точка кога конечно дигнав раце од се, продолжил тој.

Тој се сетил и на моментот кога мајка му му рекла: Се надевам дека ќе умреш. Тоа беше страшна работа за да се изговори. Само сакав некакво чувство на олеснување, објаснила подоцна мајката на Писториоус.

Но, еден ден, игра на судбината. Ароматерапефтот Вирна ван дер Валт забележала суптилни знаци на свест, односно скоро незабележливи насмевки, погледи, кои тој ги користел за да ја покаже својата свесност пред  другите. Тогаш имал 25 години.

-Бев многу среќен. Бев Мухамед Али, Џон Мекирно, Фред Труман. Сите славеа додека го правев првиот почесен круг, сликовито раскажал Писториус, опишувајки го моментот кога повторно се вратил во живот.

Родителите набрзо му купиле компјутер за да ја подобри комуникацијата. По една година терапија и интензивни комјутерски вежби, тој успеал компјутерот да го користи за пишување пораки и управување со вештачки глас. Сам се научил повторно да чита и пишува. Во 2003 тој добива платена работа во Центарот за јавно здравје, работејќи еден ден во неделата. Било тоа време кога повторно го откривал светот кој останатите го земаат здраво за готово.

Веднаш после тоа, почуствувал дека нешто му недостасува: љубов. Неговата сестра се преселила во Англија каде се запознала со Јоана и во 2008 ја запознала со нејзиниот брат. Таа е социјален работник и многу брзо тие двајца станале неразделни.

Во декември 2008 година тој ја запросил Јоана во балон во воздухот, а се венчале во јуни 2009 година. Во моментов живеат во Англија, каде Писториус работи како веб дизајнер.

“Токму Јоана е таа која ме научи да го разберам значењето на зборовите во Библијата, што ги слушаме за време на венчавката:” Постојат три работи кои ќе ги издржам – верата, надежта и љубовта – и најголема од нив е љубовта “, вели Мартин.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1