Меланија Трамп на последниот ден од нејзината прва меѓународна турнеја како прва дама на САД ја изненади јавноста. Последниот ден од турнејата го помина на Самитот Г7 во Италија носејќи наметка од „Долче и Габана“, изработена од многубројни шарени цветови во 3Д апликации, која чини 51,500 долари.
Во петокот, Габана постираше фотографии и видео од Меланија Трамп на Инстаграм заблагодарувајќи и се на првата дама за нејзината поддршка на нивниот бренд.