Зоран Заев реизбран за претседател на СДСМ


Зоран Заев е старо-новиот лидер на СДСМ. Вака одлучија седумстотината делегати на 22 Конгрес на партијата. На функцијата заменик претседател останува и Радмила Шекеринска која и до денеска ја извршуваше таа функција. Мали измени во составот има само во Надзорниот одбор на СДСМ. Од 723 присутни делегати, на Конгресот гласаа 643. Поддршка на Заев му дадоа 597 делегати.

– Благодарам за огромната поддршка, за да ја водам не било која партија туку СДСМ. Ќе продолжам да работам со уште поголема одлучност за да направиме уште подобра РМ како што се досега направивме заедно и ги отворивме прозорците на Македонија кон Европа. Тоа ќе биде унитарна држава, општество на еднакви шанси водејќи се од човековите права и слободи, меѓу државите и народите од цивилизираниот свет. Тоа е свет во кој луѓето не се оптеретни од минатото, затоа што светот е богатство од различности. Многу ќе направиме уште повеќе. Уште од оваа вечер подгответе се за патувањето наречено живот – рече во завршниот говор на 22 Конгрес на СДСМ, Зоран Заев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1