Меланија Трамп во саботата заедно со својот сопруг, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп присуствувале на миса во црквата во Палм бич на Флорида, а присутните ги поздравиле со воодушевување.
Мисата се одржувала во истата црква во која двојката се венча во 2005 година. Меланија и Доналд се фотографирани како пристигнуваат во црквата околу 22.30 часот.Иако била во црква, првата дама на Америка одлучила да ги истакне нозете, па облекла ултра краток фустан и високи потпетици.