Куќата на семејството Незировски во Кичево е празна. Кичевецот Илир, иселеник во Франција, чија сопруга, Французинката Валери Бара Незировски, месец и половина се водеше за исчезната, па беше пронајдена обесена на дрво во близина на Кичево, заминал од Македонија, пренесува Телеграф.мк во својата сторија.
Телеграф се обиде да го реконструира патот по кој Валери одела за да стигне до местото каде што беше пронајдена обесена на дрво.
Рекреативниот центар Крушино, во чија околина е пронајдено телото на Валери, е на другата страна од Кичево. По патот што води дотаму постојано поминуваат возила и луѓе што живеат во куќите на подножјето.
Последниот објект на патот пред да почне искачувањето до излетничкото место е мотелот „Панорама”.Густа борова шума обрасната со грмушки, непристапен терен, високи дрва без гранки и по неколку скршени стебла. Французинката Валери се обесила на едно од скршените стебла, пишува порталот.
Телото го забележале маж и жена кои во близина собирале дрва. Тие први пријавиле во полиција, по што екипа веднаш излегла на самото место. Телото не било распаднато, туку исушено. Местото е во дебела сенка, па затоа телото било во таква состојба. Покрај него се пронајдени испразнето шише од шампањ и нејзината чанта – велат извори од истрагата за Телеграф.
Целата сторија на – Телеграф.мк
ФОТО: Влатко Перковски (Телеграф.мк)