Љубовната приказна на кинеската двојка Јао Наншан и Лиу Лијиан наликува на оние од бајките.
Милионерот Јао, кој до октомври минатата година живеел во Шпанија, се одрекол од богатството и животот во Европа и се преселил во селото Џејанг во Кина, за остатокот од својот живот да го помине со жената на својот живот, Лиу.
Двојката се запознала во 2013 година за време на патувањето на Јао низ Кина. Една вечер, тој и неговите сопатници заталкале во селото, тропнале на една врата за да побараат преноќиште.
Ги примила локалната фармерка Лиу. Јао бил воодушевен од неа, посебно од нејзината сила само да го води домаќинството и да води сметка за ќерката на која и бил дијагоностицирано ретко крвно заболување.
Еден месец подоцна, Јао се вратил во тоа село за да и изјави љубов на Лиу. Таа тогаш го одбила бидејќи не сакала да го оптоварува со своите проблеми. Меѓутоа, Јао не сакал да прифати не како одговор, и сите свои бизниси им ги оставил на своите деца, ја напуштил Европа, и целосно ѝ се посветил на Лиу. Лиу го прифатила и подоцна се венчале, пренесува порталот „Мејшбл“.
Иако неговите деца на почетокот биле скептични, при посетата на Лиу заклучиле да ја поддржат двојката и нивната љубов.