ФОТО: „Мојот покоен син комуницира со мене!“


Тони Вудманс починал пред две години, но неговата мајка Сели тврди дека тој се уште комуницира со неа, пренесува The Sun.

sinСели Вудманс (52), била скршена од болка кога нејзиниот син починал во сообраќајна несреќа, но сега тврди дека неговиот дух и пренесува пораки преку писма.

Таа опишува дека Тони преку неа пишува писма и роденденски картички на саканите. Овој феномен е наречен автоматско духовно пишување, а иако многумина се скептични во овој поглед, Сели тврди дека не измислува.

-Кога ќе земам пенкало, неговиот дух контролира со мене и ми пренесува пораки. Јас не сум видовита, никогаш не сум верувала во духови. Но ова е нешто невидено што може да се нарече само со еден збор – чудо, вели Сели.

Оваа идеја им ја дала некоја видовита жена, откако ја посетиле за да видат дали ќе може да искомуницираат со Тони. Таа и рекла на Сели да седне во замрачена и тивка соба, да земе лист и пенкало и да остави Тони да комуницира преку неа.

-Тоа ми беше некако невозможно, но сепак решив да пробам. Многу беше мачно, целото искуство ме замори и бев целосно исцрпена. Но сега имам 17 тетратки испишани со пораки од Тони, вели таа.

Сели издаде и книга наречена „Зборувајќи со Тони“, во која го опишува ова неверојатно искуство.

1sin

Kurir

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1