ФОТО Момчето ја изобличило од ќотек и и го нагрдил лицето – а денес е манекенка


Британка Лејси Лунд била толку претепана што година дена морала да живее како унакажана. Но по огромните болки, понижувања и губењето на самодовербата таа надминала се и се пријавила на избор за мис.

Врска на Дина со нејзиниот поранешно момче Дин Кемпбел, кој ја злоставувал завршила многу брзо по овој немил настан. Лејси  морала  да оди на тешка операција на носот со цел да закрепне целосно. Лејси била кај своја другарка на роденден кога Дин дошол и станал насилен кон својата девојка и пријателите што биле со неа. Таа сакала да си оди дома а тој ја однел кај него дома и ја претепал.

devojka3

Лејси го запознала Дин кога имала 16 години. Тој имал 20 години и секогаш бил внимателен кон неа – постојано и кажувал убави работи и ја опсипувал со подароци. Била лудо вљубена во него.

– Првите проблеми започнаа пред 6 месеци. Почна да ми забранува да се гледам со пријателите. Ме навредуваше и правеше да се чувствувам виновна доколку нешто правев без него или ако изгледав дека сум среќна. Сепак се уште го сакав и мислев дека можев да го променам – изјавила Лејси.

devojka1-630x570

И нејзината мајка била загрижена за неа. Не и било јасно поради што Дин не сака да го запознае нивното семејство. Дури и нејзините пријатели ја предупредувале дека тој не е добар за неа но таа не ги слушала.

– Вечерта кога ме нападна мислев дека ќе умрам. Буквално почувствував како ми се крши носот – коментирала Лејси.

Таа година дена морала да живее со накажано лице се додека лекарите не прифатиле да ја оперираат.  Таа почнала да добива самодоверба по хируршкиот зафат. Сега толку е самоуверена во себе што дури се пријавила за избор на мис. Лејси се занимава и со моделство, нешто што отсекогаш го сакала.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1