Но, не може да ја сочува. 36 годишната манекенка Елизабета Грегорачи, сопруга на италијанскиот милијардер, некогашниот плејбој Флавио Бријаторе, на Миконос предизвикува воздишки…
Заколнатиот ерген и младата манекенка, на изненадување на многумина, се венчаа пред седум години.
Најпознатиот плејбој во Италија стана сопруг на 30 години помладата манекенка.
Пред 5 години добија син.
Сопственикот на тимот Рено во Формула 1 и манекенката заедно со нивниот син Нејтан деновиве одмораат на плажите во Миконос.
Бракот со прекрасната Елизабета стави крај на љубовните скандали кои го следеа Флавио.
Најпозната е неговата врска со манекенката Наоми Кемпбел но и бурната романса со Хајди Клум со која пред 11 години ја доби ќерката Лени.Сега, на 66 години, тој е примерен сопруг на занесната Елизабета.