Ерик Џонџон посегнал во џебот за да си ги земе клучевите, кога слушнал како нешто пука.
Набрзо потоа слушнал како нешто пука во џебот, а пантолоните почнале да му горат, пишува британски Мирор.
-Морав да ги скинам пантолоните. До мене имаше неколку луѓе и рекоа дека мирисало како да гори кожа, вели тој за сајтот.
Набрзо сфатил дека она што пукнало е неговиот Ај-фон 5, поради што поминал 10 дена во болница бидејќи се здобил со изгореници од трет степен.
Ерик поднел тужба против Епл, кои се уште не одговориле на обвиненијата.