Фото: На школски кувар му забраниле да готви добро за децата


Аника Ериксон, кувар во училишна менза во Фалун, официјално од управата на училиштето и било речено да готви понеубави јадења, зошто не било чесно овие ученици да јадат толку добра храна, а од другите училишта не.

 

Аника сериозно ја сватила својата работа и фактот дека готви за дечиња и секое утро печела домашен леб, подготвувала 15 видови зеленчук, здрави и разновидни порции за ручек.

Готвела толку добро што учениците се пофалиле што создало завист кај другите ученици, а кај управите на другите училишта страв бидејќи нивните деца не јаделе толку добро.

Управниците од другите училишта ја замолиле повеќе да не готви така затоа што не било чесно кон учениците од другите училишта.

,, Ми кажаа дека сум ги разгалила учениците и дека би требало да служам само храна каква што има и во другите училишта, вели Ерискон.

Таа не смееше да меси леб, туку да купува готов, а наместо 15 да служи само 7 видови зеленчук. Сепак откако бизарната забрана се рашири по светските медиуми, училишните одбори изјавиле дека се работело за недоразбирање и се извинуваат што така биле разбрани.

Аника сега може слободно да продолжи да ги храни децата здраво и вкусно. Изјави дека нема да купува леб туку и понатаму ќе продолжи да меси домашен.

Се надева дека оваа бизарна ситуација ќе донесе нешто позитивно. Ако мене не успејаа да ми забранат па така да ги изедначат децата, можеби ќе се ангажираат и во нивните училишта да се послужува ист вид на здрава и разновидна храна, изјавила Аника.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1