Фото: На ѕид оживеа ликот на убиената Тијана


Белградскиот уметник Андреј Јосифовски денеска ќе го заврши отсликувањето на муралот на трагично настраданата Тијана Јуриќ на една од станбените згради во Суботица.

И покрај дождот, тој вчера успеа да отслика поголем дел од муралот на кој е претставен ликот на Тијана, со испишано нејзино име, годината на раѓање и смртта како и пораката “Почивај во мир“.mural

-Идејата потекна од другарите на Тијана, кои се иницијатори да се направи ова како и од нејзиниот татко кој ме повика да дојдам и да го направам. Ми беше голема чест да го насликам овој мурал, вели Јосифовски.

Тој муралот го направи во свој стил – комбинацијата на бојата за фасада и спрејовите и се очекува да биде завршен денеска.

 

Муралот е направен врз основа на омилената фотографија на Тијана.

-Ми рекоа дека ова и е омилена фотографија од матура, и решив токму таа да ја овековечам, вели 24-годишниот Јосифовски, инженер архитект од Белград.

Првичната идеја на другарите на Тијана била муралот да се отслика на зградата од музејот, но тоа не им успеало, но затоа добиле дозвола за сликање на оваа станбена зграда.1115-436x654-420x630

Тијана Јуриќ исчезна на 26 јули по полноќ, недалеку од спортскиот центар Рата во Бајмок.

Веднаш почна потрага, во која освен српската полиција се вклучи и унгарската, Европол, Интерпол како и меѓународниот сајт за исчезнати деца во Европа.

Вишото обвинителство во Суботица проти Драган Ѓуриќ поведе истрага за тешко убиство и силување што е казниво и со 40 години затвор.

Тој е уапсен ноќта меѓу 6 и 7 август. Призна дека го сторил кривичното дело, по што полицијата ја однесе на местото каде ја закопал жртвата.

Србија беше потресена од грзоморното убиство и бараше да се врати укинатата смртна казна .

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1